SmartArt е првиот самоодржлив станбен објект, во близина на центарот на градот Скопје, а подалеку од градската гужва. На само 1 километар од центарот на Скопје, помеѓу реките Вардар и Серава, овој објект ќе биде опкружен со многу зеленило и чист воздух и ќе овозможи урбан начин на живот.

SmartArt претставува спој на уметност и технологија, каде ќе може да уживате во мирната околина и да уживате во муралите изработени од светски познатиот уметник Мирослав Масин.

Лесно достапен, преку нов булевар и многу нови инфраструктурни решенија, со доволен број на паркинзи и во близина на болница и трговски центри, ќе Ви овозможи лесно да ги користите удобностите кои ги нуди главниот град. 

Во комплексот од три ламели е предвиден деловен простор со супермаркет, кафе бар и други содржини кои ќе го направат вашето живеење полесно и поудобно.

1,5 км од центарот на Скопје

Дата на изградба: 15.10.2027

Спој на уметност и технологија

Самоодржлив станбен објект

Зеленило и чист воздух